Вести

Невладините бараат да се постават 100 сензори за аерозагадувањето

Поставување на фотоволтаични системи за електрична енергија, обработување на био отпадот кој ќе може да се користи како органско ѓубриво, селектирање на отпадот од станбените згради кој ќе се преработува, формирање на градска народна кујна, центар за самохрани родители, подобра велосипедска инфраструктура, се дел од предлозите на здруженијата. За најгорливото прашање – аерозагадувањето, се предлага да се постават 100 сензори во Скопје кои ќе треба да ги лоцираат загадувачите.

Имаме индустриска зона, имаме делови од градот каде што велиме дека загадувањето доаѓа од домаќинствата претежно населбата Лисиче. Доколку имаше еден сензор во Лисиче, еден сензор во индустриската зона, првиот сензор кој ќе регистрира загадување и ќе се активира, значи дека првично од таму потекнува загадувањето па се проширува кон другите делови и другите сензори ќе го регистрираат истото – изјави Горјан Јовановски, „МојВоздух“.

Граѓанскиот буџетски форум предлозите ќе ги достави до Град Скопје, пред да се скрои буџетот за наредната 2021 година.

Тоа е визија за зелен и хуман град, за зелено и хумано Скопје. Ние досега видовме дека имаме контрадикторни и хаотични политики во управувањето на овој град низ годините наназад постојано. Со промената на секоја власт се променува начинот и насоката на управување на градот. Сметаме дека мора да се застане во момЕнтов, бидејќи се соочуваме со климатска криза – изјави Драгана Велковска, активистка и член на Советот на Град Скопје.

Проектите што ги предлагаат, градот ќе го чинат околу 27,5 милиони евра. Економистот Бранимир Јовановиќ вели дека парите не се проблем.

Од првично предвидениот буџет на Град Скопје којшто изнесува околу 100 милиони евра, 20 проценти не се користат, односно 15 милиони евра отприлика не се користат. Значи тие пари пропаѓаат – рече Бранимир Јовановиќ, универзитетски професор.

Од Град Скопје велат дека предлозите ќе бидат разгледани, јавува Алсат М

Тагови

Поврзани вести