Македонија

Неверојатно признание дека линданот од ОХИС сеуште не е исчистен!

Соопштение од владата: Премиерот Ковачевски на увид во процесот на чистење на линданот од малата депонија во „ОХИС“

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски заедно со министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и шефот на Делегацијата на Европската Унија Дејвид Гир денеска во кругот на фабриката „ОХИС” ќе направат увид во активностите за отпочнување на процесот на чистење на линданот од малата депонија.

На настанот ќе присуствуваат и шефот на канцеларијата на УНОПС за Македонија, Микела Телатин, националниот координатор на проектот, Сузана Андонова од Канцеларијата за ПОПс и претставникот на изведувачот „Полиеко”.

Инаку да потсетиме изминатата влада во последните пет години најмалку десетина пати излезе со соопштение дека токсичниот отпад е отстранет или е во фаза на отстранување, а оваа најава за посета денес само ни потврдува дека нема ништо од празните ветувања и досегашните лаги.

Нашиот портал во повеќе наврати предупредуваше дека во ОХИС ништо не се случува и дека известувањата и најавите се само пропаганда и лага, тоа денес доби и официјална потврда. Можеме и слободно да додадеме и да најавиме дека денешните изјави ќе бидат во стилот: чистењето е во завршна фаза…. итн. но сепак останува фактот дека потенцијалната еколошка бомба е сеуште активна!

Тагови

Поврзани вести