Вести
На човечкото тело му се неопходни 10 дена на море
Колку често ги слушате луѓето околу вас како велат: „Толку ми е треба да почувствувам мирис на море, да се нагледам сина вода!“ Научниците потврдија дека морето нè опушта, па дури и ја менува хемијата на нашето тело.
Луѓето отсекогаш биле свесни за придобивките од морската вода. Дури и лекарите од 18 век спроведувале терапија така што им препорачувале на луѓето да се бањаат во море. Уште одамна е откриено благотворното дејство на морето на човечкиот организам.
Морето помага целосно да ги одморите телото и мозокот
Откриено е дека звуците на морето ја стимулираат областа на мозокот наречена префронтален кортекс, која е одговорна за нашите емоции и лични рефлексии. Звуците на морето ја подобруваат самосвеста и емоционалната благосостојба.
Брановите му помагаат на нашето тело да ги исфрли негативните јони, па телото апсорбира повеќе кислород и го регулира нивото на серотонин, супстанција што ја контролира анксиозноста. На крај, стануваме спокојни како по јога или психотерапија.
Звукот на морето и човечкото тело
Буката што ја емитуваат брановите го намалува нивото на кортизол, хормонот за стрес, и ја зголемува смиреноста. Овој звук најмногу нè потсетува на оној што сме го слушале кога сме биле во стомакот на мајката. Поради тоа на море се чувствуваме безбедно и среќно.
Погледот кон морето и човечкото тело
„Кога ќе погледнеме кон морето или кога сме на брегот, ние сме во предвидливо и стабилно опкружување“, вели неврологот Мајкл Мерцениќ. Тој објаснил дека се чувствуваме безбедно кога сме на места без закани, како што е морето. Површината на водата што се губи на хоризонтот му пренесува на нашиот мозок чувство на стабилност и сигурност.
Сончањето на плажа и човечкото тело
Истражувањата покажале дека кога се сончаме на плажа, топлината влијае врз нашиот ендокрин систем, кој е одговорен за ослободувањето ендорфини (истите хемикалии што прават да се чувствувате среќни додека јадете чоколадо).