Македонија
На Точак предлага 10 конкретни мерки за безбеден сообраќај
НаТочак најави дека овие десет точки ќе ги испрати до сите кандидати на локалните избори за Град Скопје и скопските општини веднаш штом ДИК и официјално ќе ги објави учесниците, но, исто така, ќе направи и евалуација на понудените програми на сите политички партии и независни кандидати, согласно точките од листата.
Иницијативата веќе девет години наназад се бави со анализа и мерки на унапредување на велосипедскиот сообраќај во главниот град, но и на безбедноста, одржлив развој, урбанизам, градови за луѓе и сродни области. Предложените мерки се во насока на креирање на диверзитет на транспортните опции, но и редица други придобивки од здравствена, урбана и еколошка природа, велат од иницијативата.