Македонија
На сметката на ЕСМ легнаа 50 милиони евра наши пари собрани од даноци!
Владата на седница на 31 август донесе одлука за одобрување на финансиски средства за справување со кризната состојба во снабдување со електрична енергија. Се одобрија средства во износ од 3.100.000.000 денари на Електрани на Македонија, пари обезбедени од Буџетот кои со високи даноци и акцизи се полни од џебот на македонците.

Владата изминатата недела му ја исплати сума од 50 милиони евра на АД ЕСМ, пари собрани од високите даноци и акцизи на стока кои ги плаќаат македонците, а предвидена за енергетската криза во снабдувањето со електрична енергија.Ова е прва трансакција од буџетот кои го полнат граѓаните на Македонија наменет за државните електрани по повеќе од половина година и втора по големина од почетокот на енергетската криза, откако во првата половина во ноември 2021 беа префрлени 65 милиони евра за ЕСМ.
До сега ЕСМ бараше различни начини како да ја финансира „дупката“ што се јавува од разликата помеѓу скапата набавна и релативно евтината продажна цена за домаќинствата, а никој не сноси вина од каде и кој е причинител да се направи таа “дупка” како што цинично ја нарекува власта. Се бараа позајмици од поликвидните акционерски друштва во државна сопственост и заеми од меѓународните кредитори чии високи камати ќе ги плаќаме сите.
Инаку државната компанија за производство на струја ја плаќаме сите ние од даноците кои се одредуваат од државата и според тоа сето прозводство на електрична енергија треба да е бесплатно за секој граѓанин кои плаќа данок во државата Македонија!
Обструкциите кои ги прави власта со цел да се намали нивото на домашно произведена струја се веќе толку очигледни, а профитите кои ги создаваат енергетските компании од сите бранши како и зголемениот профит кои оди за државата преку даноци се енормно високи и завршуваат на сметките на само дузина луѓе кои енормно се збогатија во последниот период директно на сметка на манипулациите и поддршката за тоа од државата т.с. од власта.
Владата исплати сума од 50 милиони евра на АД ЕСМ, пари собрани од високите даноци и акцизи кои ги плаќаат граѓаните на Македонија…зошто тогаш воопшто стигаат сметки за струја која сме ја платиле однапред? Струјата треба да биде бесплатна за секого!