Свет
На работа во Германија зашто и треба работна сила!
Новата германска коалициска Влада сака секоја година од странство да привлекува по 400.000 квалификувани работници, со што смета дека би го решила проблемот со демографската нерамнотежа и недостигот на работници во клучните сектори, проблем кој би можел да го забави економското закрепнување по пандемијата.
Недостигот од работна сила стана толку сериозен, па драматично ја забавува нашата економија, изјави Кристиан Дуер од Слободни демократи (ФДП). За да ја направат Германија атрактивна за странските работници, коалициските партнери договориле систем за бодување професионалци кои не се од земјите на Европската унија.
Исто така, ја подигнале минималната саатница до 12 евра. Германскиот Економски институт проценува дека работната сила оваа година ќе се намали за над 300.000 лица. Тоа е така, поради тоа што има повеќе возрасни лица кои одат во пензија, отколку што има млади кои влегуваат на пазарот на трудот. До 2029 година, тој јаз би можел да се зголеми на над 650.000, а во 2030 акумулираниот недостиг на работоспособни лица би можел да достигне пет милиони, јавува opserver.mk
Инаку квалитетот на животот во Германија во последните години е драстично опаднат со оглед на високата стапка на криминал, нередите од многуте мигранти, а во најголем дел од градовите има и забрана за движење во вечерните часови поради насилство и силувања.
Што се однесува до мизерните условите за живот на работниците сведочат многу наши сограѓани кои го искусиле ова. Со оглед на ниските плати (за таму) и пропишаните законски определби, работниците се принудени да изнајмуваат евтини станови во сомнителни квартови и во нив да живеат по десетина луѓе, а некој дури и ги сместува самата компанија по 20тина души во еден контејнер. Поради овие неподносливи услови за нормален живот се потешко Германија може да најде работна сила од надвор.