Македонија
На патеката Средна се поставуваат планинарски патокази
Членовите на Планинарскиот спортски клуб „Голак”, од Делчево, привршуваат со поставувањето на патокази на планинарската патека Средна. Се работи за проект финансиран од Општина Делчево.
– Во наредниот период ќе ги поставиме и останатите со што ќе ја комплетираме во целост патеката која претходно беше маркирана по Квефелцовата маркација како и беа поставени инфо-таблите во селата Разловци и Нов Истевник – информираше претседателот на ПСК „Голак”, Љупчо Чучуковски.
Со поддршка на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ќе се уредува туристичкиот локалитет Истевнички Кукуље.
– За реализација на овој проект за кој имаме финансиска поддршка од Агенцијата, предвидено е подготвување потребна инфраструктура, за една ваква атракција и тоа во форма на придружни објекти (фото-летниковци, маси, клупи, канти за отпад и др.). Исто така потребно ќе се постават инфо-табли со основните податоци од локалитетот. Во иднина ќе се изработи и печатена брошура за туристичкиот локалитет со цел негова промоција, како и ставање во програмите на туристичките субјекти како нов готов туристички производ – додава Чучуковски.