Македонија

На два сантиметри до природниот минимум е нивото на Охридско Езеро

Според последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, нивото на Охридското Езеро се наоѓа на котата 693,12 м.н.в., што е само два сантиметри над природниот минимум.

Во моментов нивото на Охридското Езеро е 14 сантиметри под просекот за месец ноември, кој изнесува 693,26 м.н.в.

Причина за лошата хидролошка состојба, покрај климатските промени и сушата, е и несоодветното управување со водните ресурси на најголемото природно Езеро во овој дел од Европа. Иако е прогласено за природна реткост заштитена од УНЕСКО, тоа и натаму се третира како акумулација за производство на електрична енергија во електраните по течението на реката Црн Дрим.

Тагови

Поврзани вести