Македонија

На Водно од денеска само пешки, не работи жичарата а не сообраќаат ниту автобусите

Од ЈСП додаваат дека прекинот на работата на жичарата предизвикало и укинување на автобуските линии до Средно Водно.

Жичарата на Водно од денеска не работи. Иако ваква препорака не беше спомената во препораките на Владата и Министерството за здравство, раководството на ЈСП „Скопје“ одлучило во насока за намалување од евентуално ширење на Коронавирусот, да го запре работењето на жичарата.

– Не можеме со точност да ви кажеме до кога ќе биде на сила оваа одлука, но секако дека ќе ја следиме состојбата со Ковид 19, и ќе носиме одлуки во согласност со препораките на Владата. Со сигурност знаеме дека жичарата нема да профункционира пред 24 март, инфорираат од ЈСП.

Од таму додаваат дека прекинот на работата на жичарата предизвикало и укинување на автобуските линии до Средно Водно.

– Автобуските линии 25, 25А и 25Б нема да сообраќаат бидејќи тие се поврзани со работата на жичарата. Покрај нив, времено ја укинавме и линијата за туристичко разгледување на градот „Сити тур“, додаваат од ЈСП.

Тагови

Поврзани вести