Вести

На Алпите по топлотниот бран на 3.000 метри висина се создало езеро

Маж кој кон крајот на јуни се искачувал на француските Алпи забележал фотографија која воедно е неверојатна, но и загрижувачка.

Имено, како што јавува “Independent”, планинарот Брајан Местре бил шокиран кога во пределот на Мон Блан на висина од околу 3.400 метри открил езеро.

Важен знак за климатски промени

Местре фотографијата ја објавил на Инстаграм велејќи дека во тој предел се искачувал само десет дена откако неговиот колега Пол Тодхантер се искачувал на истото место, за кое вели дека било прекриено со снег.

Но, во перидот меѓу нивните две искачувања дошло до еден од најсилните топлински бранови во Европа, кој го зафатил подрачјето на планината.

Потсетуваме, кој крајот на јуни во Франција бил соборен температурниот рекорд од 2003-та година, кога биле измерени 45,9 степени.

И на Мон Блан тие денови бил урнат рекордот и била забележана температура од 9,3 степени.

Езерото било вистинско изненадување

Местре проговорил за порталот “IFL Science” и открил дека условите за искачување биле хаотични.

“Во Шамони, град кој е на надморска висина од 1.000 метри, забележани се температури до речиси 40 степени Целзиусови. Истата недела нивоата на замрзнување се кренале на речиси 4.700 метри наместо вообичаените 3.000 метри надморска висина”, рекол Местре.

Додал дека не ни мора да нагласува дека езерото било вистинско изненадување.

“Се наоѓа на 3.400-3.500 надморска висина. На таа висина треба да најдете снег и мраз, не течна вода. Во главно, кога на таа висина остануваме цел ден, водата во шишињата кои ги носиме почнува да замрзнува”, вели тој.

Местре додал и дека повеќе од десет пати бил на Алпите и тоа за време на најтоплите денови. Вели дека повремено имало топење на снегот, но дека не било ни слично на последното.

Истражувач за “National Geographic”: Ова не е изолиран случај

Езерото во себе има неколку илјади кубни метри вода. Широко е 10, а долго 30 метри, јавува “National Geographic France”.

Сепак, случаи како овој не се изолирани, и речиси секоја година може да се најде езеро речиси на истото место.

Научниците јавуваат и дека водата која се собирала требало да го пронајде својот пат и да истече, но веројатно тоа не се случило бидејќи слојот на мраз под водата е силен и не ја пропушта.

Еден експерт за глечери рекол дека на глечерот Рочемелон на границата меѓу Италија и Франција во 1960-тите настанало езеро кое се формирало во текот на неколку години.

“Најпрво тоа беше мало езерце, но почна да расте без никој да забележи. На крајот тоа беа 650.000 кубни метри вода кои се закануваа да се излеат. Тогаш беше издадено предупредување и спроведена операција за празнење на езерото”, рекол Кристијан Винсент и додал дека на ваквите појави треба да се внимава.

Тагови

Поврзани вести