Забава
Најчудните и најинтересни новогодишни елки низ светот
Новогодишните елки се симбол на божиќните и новогодишните празници, а луѓе од различни религии низ светот домовите ги украсуваат со елки. И додека некои елки предизвикуваат восхит, други и не се баш толку популарни.
Британскиот Telegraph објави галерија од најдобрите, најлошите, најчудните и највисоките новогодишни елки низ светот.
Титулата на најлоша елка со години ја има елката во Сакристон, село во Англија. Станува збор за вистинска елка засадена под метална конструкција со светилки. Жителите на гратчето чекаа елката да порасне, но е оштетена во невреме.
Најголемата вештачка елка се наоѓа во Мексико Сити, на авенијата Реформа. Висока е 110 метри и веќе е дел од Гинисовата книга на рекорди. Прекриена е со 1,2 милиони светилки.
Во Рио де Жанеиро се наоѓа најголемата елка што плови и исфрла огномет. Висока е 85 метри и декорирана е со 2,9 милиони светилки.
Италија може да се пофали со најголемата креација на лажна елка висока 650 метри која е многу импресивна.
Во Џакарта прават дрвца и украси од Lego коцки, а во Сиднеј од 18.000 пластични шишиња со различни големини и бои.
Слично има и во Париз, но со помал број шишиња.
Пред претседателската палата во Сантјаго секоја година се монтира вештачка елка висока 20 метри, додека во Бејрут елката ќе биде монтирана пред џамија со кран.
Меѓу поинтересните креации е елката од оптички влакна во Пекинг и шестокатната елка пред трговскиот центар во Сингапур.