Свет

Најубавиот парк на светот се наоѓа во Јапонија: Четири милиони сини цветови пружаат неверојатна магија

Јапонија е инаку препознатлива по цвеќето сакура, а четири милиони ситни сини цвеќиња, кои потсетуваат на мали сини самовили, цветаат секоја година во Хитачи во Ибараки. Тогаш паркот изгледа волшебно и плени со својата посебна убавина.

На тоа место има околу 4,5 милиони расцветани цвеќиња кои обезбедуваат најубав поглед и најдобро место за фотографирање.
Сина цветна идила го покрива и осветлува паркот Хитачи во Ибараки, и овие цвеќиња го имаат прекарот „детски сини очи“, и цветаат кон крајот на април, а потоа постепено ја губат бојата.


Со оглед на тоа што има многу цвеќиња и дека тоа е навистина голем парк, скоро е невозможно да се направи совршена фотографија која би го опфатила целиот простор и би ја доловила неверојатна убавина како што може да се посети во живо. До ова волшебно место можете да стигнете со воз од Токио, пишува Bright Side.


Во галеријата, погледнете неколку фотографии што ги одбравме за вас и одморете ги очите во веројатната сина боја.

Тагови

Поврзани вести