Македонија
Најризичната група граѓани во време на епидемијата продолжува да се турка пред вратите на банките
Исплатата на пензиите ги донесе пензионерите пред вратите на банките.
Како најризична група граѓани врз кои коронавирусот може да има брзи фатални последици, тие секојдневно се доведуваат во ризик себеси, но и околината.
Вчера во Тетово ситуацијата пред една банка беше на работ на инцидент.
Банките ја спроведуваат препораката за постапување за време на епидемија само внатре во експозитурите, но не и пред нив каде е турканица и безредие.
…кое се почитуваше сѐ додека не дојдоа пензионерите…
Голем дел од пензионерите немаат друг начин за добивање на пензијата, освен лично подигнување со чек на шалтер од банка, затоа што не се прилагодени на современите начини на работа со банкомат или картички.
Ова секако е голем проблем и ризик и мора и банките и надлежните итно да реагираат, за да не биде доцна.
Дополнително што движењето на пензионерите е ограничено само во утринските часови до 12, а банките отвораат подоцна, па времето за завршување на нивните потреби се сведува едвај на два часа.