Забава

Најмал мост во светот, а поврзува две држави

Многу мостови поврзуваат различни земји и најчесто се големи и долги. Но тоа не е случајот со еден мост кој ги спојува Португалија и Шпанија, а кој се смета за најмал мост во светот.

Мостот е долг само три метри и се нарекува Ел Марко. Бил изграден од страна на работници од двете земји со финансиски средства на Европската Унија. Мостот е направен од дрво и е наменет само за пешаци и велосипедисти. Пред да се изгради мостот, локалните жители користеле штици за да поминат преку реката.

Тагови

Поврзани вести