Свет
Најмалку 27 загинати при можен подметнат пожар во јапонска клиника
Полицијата истражува дали пожарот во Осака бил подметнат

Полицијата истражува дали пожарот бил подметнат, јавуваат јапонските медиуми, наведувајќи дека ден постар маж наводно донел кеса од која истекла запалива течност и се запалила. Се верува дека мажот бил пациент во клиниката за ментално здравје, сместена на четврти кат од висококатницата. По интервенцијата на пожарникарите, пожарот бил изгаснат.