Свет

Најинтересните места на нашата планета на “Google Earth”

Уште од времето на Колумбо, Магелан и Марко Поло, човекот сакал да патува и да го запознава светот околу себе. Подоцна, во модерното време, тие патувања станале подостапни и поевтини, а летот со авион преку природни убавини и монументални зданија само ги зголемил импресиите кај луѓето.

Сепак, со појавата на “Google Earth”, задоволена е и потребата на оние со послаб џеб, оние кои секогаш сакале да видат како некои градби, океани, реки и планини изгледаат од птичја перспектива. Поради тоа, геологот од Њу Орлеанс со име Вил, решил да ги спои своето знаење и пасија која се јавува во него во текот на истражувањето на бројни предели, и да ги преточи во една галерија на Имгур.

“Навистина сакам да го пребарувам “Google Earth” во потрага по кул работи. Моите описи доаѓаат од интернет истражување и мои претпоставки за тоа што се случува. Имајте на ум дека ова е само моја интерпретација на работата и дека може да бидат погрешни. Се обидов да пронајдам интересни примери од геолошки процеси кои ќе ги користам во презентации и на предавања”, рекол тој.

Ваденско море во Данска

Тврдината околу Вердун во Франција

Глечери на Алјаска

Река Вилијем во Калифорнија

Остров од кој се бранел Амстердам

Ваденско море

Марината во Милвоки

Река во Алабама

Река Рио Гранде

Необична глетка во Аризона

Носач на авиони USS Arizona

Тагови

Поврзани вести