Свет

Најзелениот град во светот: Секои 18 дена нов парк во Виена

Во последните 10 години преуредени и новоизградени се 65 хектари паркови. Градот со најдобар квалитет за живот оваа година е прогласен и за „најзелен град“ на светот.

Виена како милионска метропола има рекорден удел на зелени површини од вкупно 53 отсто: 1.000 паркови, 500.000 стебла, како и безброј зелени површини во граското подрачје. Во последните десет години преуредени или новоизградени се 204 паркови, со површина од 65 хектари. Или тоа е нов парк секои 18 дена.

Виена во наредните години планира уште околу 137.000 квадратни метри паркови и зелени површини. Еден од тие редизајнирани паркови станува и прв парк за разладување во Виена – Esterházypark.

Во центарот на овој парк ќе бидат поставени „тушеви“ со водена магла и ќе бидат засадени растенија и дрвја со „дебела“ сенка. Покрај тоа, дел од асфалтната површина и бетонот ќе бидат отстранети за да се засадат нови дрвја, цвеќиња и тревници. Благодарение на инсталацијата за ладење, температурата во паркот ќе може да се спушти за 6 степени.

Тагови

Поврзани вести