Свет

Најдолгата велосипедска патека на светот

Велосипедистите во кинескиот град Сјамен не го делат патот со автомобилите бидејќи се движат над нив.

Данското проектантско биро Dissing + Weitling Architecture со проектот за велосипедска патека долга 7,6 километри успеа да обезбеди безбедна велосипедска рута низ пет главни градски станбени подрачја, како и три деловни центри. Велосипедската патека е издигната пет метри над земја, а широка е 4,8 метри, што овозможува голем број велосипедисти да возат едни покрај други.

2
„Возењето со велосипеди станува се попопуларно во кинеските урбани средини, воглавном поради сеприсутната градска гужва. Исто така, поголемиот број граѓани користат велосипеди како превозно средство бидејќи се поздрави за околината, а и за самите велосипедисти“- истакнуваат архитектите од бирото Dissing + Weitling Architecture.

4
Оваа велосипедска рута има 11 пристапни точки, а по нејзиниот цел тек според потребата организирани се пешачки мостови, рампи, обиколници, како и паркинзи за велосипеди, пишува Dezeen.

5
Велосипедската патека настанала како заедничко решение на градските власти и секторот за урбанизам со цел да се намали гужвата во сообраќајот, а при тоа и да се промовираат одржливите видиви превоз во градот.

6

3

7

Тагови

Поврзани вести