Забава

Најголемиот сафир откриен во Шри Ланка – тежок 310 килограми

Властите во Шри Ланка го претставија, како што наведоа, најголемиот природен син сафир на светот, тежок 310 килограми, кој беше пронајден во јама со скапоцени камења пред околу три месеци.

Локалните експерти кои го испитувале сафирот велат дека тој е еден од најретките скапоцени камења во светот бидејќи тежи повеќе од 300 килограми, што меѓународните организации допрва треба да го потврдат, пренесува Ројтерс.

Сафирот е изложен во куќата на еден од сопствениците на јамата за копање скапоцени камења во градот Хорана, 65 километри јужно од главниот град Коломбо.

Според Ројтерс, група будистички монаси биле присутни со пеење пред да биде откриено.

Тагови

Поврзани вести