Свет
Најголемата литиум-јонска батерија на светот

Најголемата литиум-јонска батерија на светот официјално беше активирана и почна да дистрибуира струја низ електричната мрежа во Јужна Австралија. Сто мегаватната батерија, изградена од „Тесла“, треба да го реши проблемот со електричната енергија во овој дел од континентот. Сопственикот на компанијата, Илон Маск, со тоа го исполни ветувањето дека ќе ја изгради батеријата во рок од 100 дена.
Маск ја опиша батеријата како трипати помоќна од следната најголема светска батерија.
Таа се наоѓа во близина на Џејмстаун, 200 километри северно од Аделејд и кога е целосно полна, може да снабдува 30.000 домови со струја еден час.