ВестиЗдравјеСвет

Најголемата кула за прочистување на воздухот се наоѓа во Кина

Кина ја изгради најголемата кула за прочистување на воздухот како чекор напред во борбата против загадувањето. Според податоците, Кина е најсмртоносната земја во светот по нивото на токсичност на воздухот

Досега најголем објект за прочистување на воздухот во светот беше кулата која вшмукува смог во Пекинг, која е висока 7 метри.

Оваа кула, која се наоѓа во Ксиан, е висока 100 метри и има капацитет да прочистува до 10 милиони кубни метри воздух дневно.

Според податоците од Светската здравствена организација, загадениот воздух во Кина е одговорен за еден од девет смртни случаи во земјата и годишно поради загадувањето умираат околу 3 милиони луѓе. Во последните неколку години бројките се во пораст и состојбата станува сѐ полоша.

Градот Ксиан, кој се наоѓа во северна Кина, има надеж дека работите конечно ќе тргнат кон подобро. Експерименталната кула изградена во овој град со цел да го прочисти воздухот работи подобро од што се надеваа тамошните власти.

„Кулата нема конкуренција кога е во прашање нејзината големина. Резултатите се многу охрабрувачки“, изјави Као Џунџи, научникот кој го води овој проект.

Тој вели дека првичните резултати изгледаат добро. Кулата во првата година откако е пуштена во употреба успева да произведе околу 10 милиони кубни метри чист воздух секој ден.

Тагови

Поврзани вести