Живот

Највпечатливите ботанички градини во светот

Многу земји вложуваат средства и напори за одржување на прекрасни ботанички градини кои важат за идеално бегство во природа, среде град. Одделивме неколку ботанички градини кои вреди да се посетат, барем еднаш во животот.

1. Сингапурската ботаничка градина, Сингапур

Под заштита на УНЕСКО, ова е вистинска тропска оаза среде центарот на Сингапур. Претставува значајна туристичка атракција и служи како образовен центар. Има колекција на орхидеи од 60.000 билки и е вистинска мирисна оаза.

2. Националната ботаничка градина во Кејпатун, Јужна Африка

Содржи 7.000 автохтони билни видови, се простира на 528 хектари и е позната по нејзиниот мост комбиниран од дрво и челик. Од него може да се гледа целата колекција на билки, од птичја перспектива.

3. Ботаничка градина во Рио де Жанеиро, Бразил

Се простира на 345 хектари и е дом на илјадници растителни видови, меѓу нив и 600 видови ретки орхидеи.

4. Ботаничката градина во Бруклин, Њујорк

За јавноста е отворена од 1911 година, а денес е оаза среде градската џунгла. Се простира на 52 хектари и е сочинета од градини и конзерваториум. Влезот чини 15 долари за возрасни, 8 за студенти и пензионери, бесплатен за деца помали од 12 години.

5. Кралската ботаничка градина во Сиднеј, Австралија

На 74 хектари се простира градина од илјадници растителни видови, отворена во 1816 година. Постојат организирани тури во кои посетителите можат да научат за традиционалната исхрана на Абориџините и за тоа кои билки се користат во нивната кујна.

Тагови

Поврзани вести