Патувања
Највисокиот хотел во светот е отворен во Дубаи
Дубаи е препознатлив по величествени објекти, па не е чудо што тука се отвори и највисокиот хотел во светот.
Хотелот Гевора е висок 365 метри, има 75 ката, 520 соби, а се наоѓа во луксузниот простор на Трејд Центарот. Новиот хотел им ветува на гостите „најдоброто од блискоисточното гостопримство и ексклузивност“.
Располага со повеќе суперопремени здравствени клубови, всушност на секој 12 кат има по еден ваков клуб. На најгорниот кат пак, се наоѓа главната платформа за уживање и големиот базен.
Хотелот има 4 ресторани и неколку барови, а најфасцинантен е барот покрај базенот кој овозможува панорамски поглед на Дубаи.
Со својата гигантска структура, Гевора хотелот го „претрка“ хотелот JW Marriott Marquis, висок 355 метри, за 11 метри.