Забава
Највисокиот хотел во Европа на 3.212 метри надморска височина
„Glacier Hotel Grawand“ е највисокиот хотел во Европа, изграден на 3.212 метри надморска височина. Сместен е на врвот на планина во Јужен Тирол, во провинцијата Болкано, во северна Италија.
Мазо Корто е името на селото во областа Болкано каде се наоѓа овој хотел, а единствено превозно средство до него е жичницата.
Сепак, бидете подготвени за можните последици при патувањето. Имено, со зголемувањето на надморската височина, се зголемуваат и атмосферскиот притисок и протокот на кислород. Како резултат на тоа може да доживеете симптоми како што се главоболка, замор, вртоглавица и отежнато дишење. Важно е да се знае дека сето ова е нормално и дека нема потреба од паника.
По само неколку часа одмор на ова прекрасно место, симптомите наскоро ќе исчезнат. На голема надморска височина, се формираат повеќе крвни клетки, повеќе кислород поминува низ телото, а тоа реагира на овие промени многу брзо.
Ова е одлична дестинација за сите авантуристи, љубители на зимските спортови и рекреација на чист воздух.