Свет

Нафтена дамка со големина на Њујорк се шири на Медитеранот, а станува се поголема

Излевањето на нафта која истекла од најголемата сириска рафинерија расте и се шири во Средоземното море, а до островот Кипар би можела да дојде и денеска, објавиле кипарските власти.

Сириските власти рекле дека минатата недела резервоар со 15 тони гориво почнал да протекува на 23-ти август од термоелектраната во сирискиот крајбрежен град Банијас.

Анализите од сателитските снимки кои ги направил “Orbital EOS” покажуваат дека излевањето на нафтата било поголемо од тоа што се мислело на почетокот и дека се протега на подрачје со приближна големина на Њујорк.

Од компанијата за “CNN” рекле дека нафтената дамка е оддалечена на околу 7 километри од кипарскиот брег.

Кипарската служба за риболов и истражување на морето рекла дека, според нивните симулации, дамката до ‘ртот Апостолос Андреас ќе пристигне во следните 24 часа.

“Ова сигурно ќе влијае на животите на многу семејства”

Жител на Банијас за “CNN” рекол дека поголем дел од брегот е загаден.

“Не ни беше потребно ова, тука веќе е тешко да се заработи за живот, а ова сигурно ќе влијае на животите на многу семејства. Владата прати само тимови со сунѓери и црева за вода, тие немаат капацитети за решавање на ова…не можете да го чистите морето со сунѓери”, додал тој.

Турција, која дели граница и брег со Сирија, исто така е вклучена во санацијата.

Тагови

Поврзани вести