Свет

Научници направиле вештачка кожа, што менува боја како кај камелеони и ја тестирале на работи

Јужнокорејските научници, инспирирани од природата, развиле вештачки материјал сличен на кожа кој ја менува бојата на начин на кој камелеонот се прилагодува на околината.

Тимот предводен од Ко Сеунг-хван, професор по механика на Универзитетот во Сеул, развил „кожа“ со специјално мастило што ја менува бојата во зависност од температурата и се контролира со мали, флексибилни грејачи.

“Ако носите маскирна униформа во пустина, лесно ќе ве забележат. Промената на бојата и моделите за да одговараат на околината е клучна за технологијата што ја создадовме”, рече Ко.

Експертите го демонстрирале својот пронајдок, термохроматско кристално мастило (TLC) и повеќеслоен нано грејач, на робот кој имал вградени сензори за боја. Без оглед на бојата што „ја виделе“ сензорите, кожата се обидела да ја имитира.

На видеото, робот ползи по црвените, сините и зелените подови и веднаш ја сменил бојата за да одговара на површината.

Вкупната дебелина на вештачката кожа е помала од сто микрометри, потенка од човечка коса.

„Можеме да произведеме адаптивна кожа во форма на уред за носење што може да се користи во модната индустрија, производството на воени маскирни униформи, автомобилската индустрија и градежништвото, како и за производство на видео реклами“, рече Ко.

Неговото истражување е објавено во август во списанието „Nature Communications“.

Тагови

Поврзани вести