Свет
Научниците предупредуваат: Ни доаѓаат екстремни топлотни бранови
Големите топлотни бранови земаат се поголем данок, како во богатите, така и во сиромашните земји.
Според глобалниот индекс за климатски ризици, кој го објавил Еколошкиот истражувачки центар “German Watch”, Јапонија била најзагрозена земја во 2018-та година, а ја погодиле екстремни летни горештини, обилни дождови и најсилен тајфун во последните 25 години, пренесува “Reuters”.
Германија, друга индустриски развиена земја, се нашла на трето место бидејќи доживеала најтопол период од април до јули, што довело до с*рт на повеќе од 1.200 луѓе и голема суша во 2018-та година.
Индија, на петата позиција, била погодена од еден од најдолгите топлотни бранови, кој довел до снемување на вода, слаб принос на посеви и нереди и згора на тоа била изложена на монсунски поплави и циклони, навел “German Watch” во извештајот.
Во 2018-та година, во топлотниот бран во Јапонија настрадале 138 луѓе, а повеќе од 70.000 биле хоспитализирани.
Ширум Европа научниците пресметуваат дека екстремните топлотни бранови сега се до 100 пати поверојатни отколку пред еден век.
Во извештајот се наведува дека влијанието на топлотните бранови на африканските држави можеби е недоволно застапено поради недостиг на податоци. Силните олуји, во меѓувреме, во 2018-та ги опустошиле Филипините, кои се на второ место на индексот за климатски ризици, а тајфунот Мангат им нанел големи загуби. Мадагаскар се нашол на четвртото место бидејќи во два циклони настрадале 70 лица, а 70.000 биле принудени да ги напуштаат своите домови.
Во Кенија и Руанда, кои се нашле на седмото и осмото место, сезонските дождови биле многу пообилни од вообичаените, предизвикувајќи поплави, кои уништиле куќи и стока и поттикнале појава на болести.