Свет

Насилно растурена блокадата на мостот во Канада

Мостот „Амбасадор“ ќе биде повторно отворен подоцна во неделата по локално време откако полицијата насилно ги растера демонстрантите против мерките за затварање кои веќе шест дена го блокираат сообраќајот на мостот, објави висок американски функционер.

„Нашата национална економска криза на мостот Амбасадор денеска е завршена“, објави на Twitter во неделата на градоначалникот на Виндзор, Дрју Дилкенс.

Канадската полиција, врз основа на судски налог од петокот, во неделата привеле неколку лица, ги растерала демонстрантите и ги отстранила возилата кои го болкирале сообраќајот на мостот „Амбасадор“ во градот Виндзор, во покраината Онтарио.

Со ова предизвикаа уште поголем револт кај населението со што протестите се проширија на три гранични премина, вклучително и во покраините Алберта и Манитоба. Канадската полиција наведува дека протестите делумно ги финансирале проврзаници од САД, поради што властите на покраината Онтарио во четвртокот ги замрзнаа средствата донирани преку американската платформа GiveSendGo.

Канадските протести ги инспирираа демонстрантите да организираат слични блокади со конвои и во САД, на Нов Зеланд, Австралија, во Франција и во Белгија, каде властите жестоко реагираат и спроведуваат тортура врз демонстрантите и населението.

Тагови

Поврзани вести