Природните сокови се здрави, полни се со витамини и минерали, а имаат и антиоксидантско дејство. Затоа, во прилог ви донесуваме рецепт за сок од портокали. Со овој рецепт можете да подготвите голема количина сок од само 1 кг портокали: Состојки: 9 л вода; 1 кг портокали; сок од лимон Начин на подготовка: Исчистете ги лимоните и портокалите. Исечкајте ги и исцедете го сокот. Потоа измешајте со вода и измиксајте. Не ставајте премногу лимони за сокот да не биде прекисел. Можете да додадете 1 кг шеќер, но секако подобро е без шеќер. Ќе добиете голема количина сок, а со консумација на барем една чаша дневно ќе се чувствувате многу подобро.