Здравје
Направете дури 10 литри домашен сок од само 1 кг портокали
Природните сокови се здрави, полни се со витамини и минерали, а имаат и антиоксидантско дејство.
Затоа, во прилог ви донесуваме рецепт за сок од портокали. Со овој рецепт можете да подготвите голема количина сок од само 1 кг портокали:
Состојки: 9 л вода; 1 кг портокали; сок од лимон
Начин на подготовка:
Исчистете ги лимоните и портокалите. Исечкајте ги и исцедете го сокот. Потоа измешајте со вода и измиксајте.
Не ставајте премногу лимони за сокот да не биде прекисел. Можете да додадете 1 кг шеќер, но секако подобро е без шеќер.
Ќе добиете голема количина сок, а со консумација на барем една чаша дневно ќе се чувствувате многу подобро.