Свет

Напаѓач со лак и стрела усмртил неколку луѓе во Норвешка

Маж вооружен со лак и стрели убил неколку луѓе во норвешкиот град Конгсберг. Според полицијата, напаѓачот се движел низ градот и неселективно напаѓал луѓе со лакот, поради што биле приморани да затворат повеќе улици.

Точниот број на загинати е сѐ уште непознат, исто како и бројот на повредени.Инцидентот во полиција бил пријавен во 18 и 30, кога напаѓачот влегол во супер маркет и започнал да стрела кон купувачите.

Полицијата успеала да го совлада и тој е уапсен.

Тагови

Поврзани вести