Македонија
Наместо македонски, романски авиони го гасат пожарот на Матка! (Видео)
Авионот Ц-27 Спартан на романското воено воздухопловство, кој е специјализиран за гаснење пожари, денеска дејствуваше над с. Раовиќ Општина Сарај.
Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека авионот испуштил 6 тонски кеси со вода во форма на падобран бомба кои се распрскуваат врз огнот.
На терен се тимовите на ДЗС со 13 лица, Доброволното ПП друштво со 5 пожарникари и 22 припадници на армијата.
Утринава од Центарот за управување со кризи информираа дека пожарот над селото се дели на два крака, едниот е насочен кон Матка додека другиот оди далеку над селото Раовиќ, на многу непристапен терен.
Како странски романскит авиони кои дојдоа на помош да гасат пожар на Матка се пофали Дирекцијата за заштита и спасување, погледнете на следното видео…