ВестиНастани
Изложба на ретро aвтомобили под мотото “НАМАЛИ ЈА БРЗИНАТА, ЗГОЛЕМИ ЈА СООБРАЌАЈНАТА КУЛТУРА“
По повод 8ми март љубителите на класик мини и Пежо 404 клуб Македонија, два олдтајмер клуба организираат настан по повод меѓународниот ден на жената под мотото "НАМАЛИ ЈА БРЗИНАТА, ЗГОЛЕМИ ЈА СООБРАЌАЈНАТА КУЛТУРА, Жените возат одговорно! Биди горда што си ЖЕНА и што си безбеден ВОЗАЧ!"

Настанот елеганција во движење и штикли има акцент за зголемување на сообраќајната култура, а ќе биде збогатен со македонски шлагери и други ретро реквизити, кои одговараат на темата со ретро автомобили.
– Улогата и значењето на жената за безбедноста во сообраќајот не се ограничува само на нејзиното влијание како возач и како учесник во сообраќајот. Сообраќајната култура и етика, како и навиките на однесување во сообраќајот се учат од најмали нозе, а тука улогата на жената како мајка, родител, старател, воспитувач и едукатор е неприкосновена, велат организаторите
Настанот ќе се одржи пред платото на Скопје Сити Мол на 8 март 2022 година (вторник) со почеток во 11ч.
Во склоп на настанот ќе биде организиран почесен круг низ центарот на градот, под мотото „НАМАЛИ ЈА БРЗИНАТА, ЗГОЛЕМИ ЈА СООБРАЌАЈНАТА КУЛТУРА“ на кое активно учество ќе земат успешни жени од различни професии (возачи на автобус, пилот, полицаец, пожарникар и др).
https://www.facebook.com/watch/?v=531857574915964&extid=NS-UNK-UNK-UNK-IOS_GK0T-GK1C&ref=sharing