Вода

Намалени водостоите на реките

Водостоите на реките во земјава се пониски од просечните за овој период од годинава, а кај дел од нив се бележи дополнително намалување на нивото во споредба со вчерашното.

Според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостоите на трите природни езера во земјава се исти како вчера.

При тоа нивоата на Охридското и на Преспанското Езеро се пониски од просекот за март и тоа за седум сантиметри кај Охридското и за 1,69 метри кај Преспанското Езеро. Со тоа Преспанското Езеро е на четири сантиметри над апсолутниот минимум од 842,25 (мнм). За разлика од нив, водостојот на Дојранското Езеро е за 2,81 метар повисок од повеќегодишниот просек за март.

Тагови

Поврзани вести