ЕКО бизнисЕкономија
Над 9 милијарди денари за земјоделците
За една година Владата исплати над 9 милијарди денари заостанати и тековни субвенции за сите категории на земјоделци.

Владата на Република Македонија во денешното соопштение, како дел од отчетот по едно година од основање на оваа влада, даде осврт на субвенциите и помошта за земјоделците
„За една година Владата исплати над 9 милијарди денари заостанати и тековни субвенции за сите категории на земјоделци.
Над 9 милијарди денари одат директно во џебовите на земјоделците.
Наша обврска како Влада е субвенциите да се исплаќаат навремено и неселективно. А не како претходно кога земјоделците беа целосно заборавени, понижени и поделени.
Со ова директно ги помагаме земјоделците и поттикнуваме раст на земјоделското производство, сѐ со цел да се подготват за следната година, а не како претходно кога поради неисплатени субвенции и доцнење имавме пад на земјоделското производство.