Забава

Навивачите и играчите на клубот на доселениците од Истанбул во Атина избегаа пред најавениот голем пораз

Клубот АЕК е клуб на доселениците од православното население од реонот на денешен Истанбул, инаку нивното име и кратенката АЕК буквално значи: Атлетска унија од Константинопол (Истанбул, Цариград…)

Рерванш финалниот дуел од Европскиот куп помеѓу Алкалоид и АЕК од Атина нема да се одигра поради фактот што грците не излегоа на терен. Причина за тоа се наводните закани кои што ги имаат од страна на навивачите кои што пристигнаа во Скопје, но не им беше дозволено да влезат во салата Борис Трајковски поради прекубројност. Имаа 200 билети на располагање, а ги имаше повеќе. Испратени назад, се заканија кон играчите, а тие преку претседателот пораачаа не излегуваме на терен.

„Нема да играме затоа што не ни ги пуштаат навивачите. Ќе чекаме одлука од ЕХФ. Не ни е жал што вечерва не се одигра мечот. Тие пристигнаа тука и не ги пуштија. Чекаме одлука и не си одиме дома“ се исплака и жално пожалија во изјавите дел од играчите–  изјавија дел од играчите на АЕК за Спортспорт.

Сега, останува да се види што ќе се случува со одлуката на ЕХФ, но дефинитивно, ракомет денеска во Скопје нема да има.

Тагови

Поврзани вести