Свет
МОЌТА НА ПРИРОДАТА – Погледнете го видеото кое ја шокирало јавноста: Лизгањето на земја дел од градот однело во море – се’ исчезнало во секунда!
Иако се вообичаени во Норвешка, лизгањето на земјиштето од оваа големина не се памети на северот на земјата.
Дел од брегот во градот Алта, во северна Норвешка, се лизнал во морето и потонал, заедно со осум куќи, вклучувајќи четири викендички. За среќа, никој од жителите не загинал и сите биле спасени на време.
Свлечиштето било широко 650 метри и длабоко 150 метри, пишува Си-Ен-Ен.
Едно куче се заглавило на свлечиштето, но подоцна сепак успеало да плива за да брегот и да се спаси.
Иако слични лизгање на земјиштето се вообичаени во Норвешка и се случуваат секоја година, ништо слично досега не е забележано во близина на Алта.