Храна
Моќната на кисела зелка
Традиционалната зимница со сите прекрасни природни производи кои ги содржи се вистинско богатство за здравјето на нашиот организам.

Ширум светот, нутриционистите се залагаат за враќање на традицијата, односно за природно одгледување на овошјето и зеленчукот, како и за правилно приготвената зимница која ни пружа здраво задоволство во текот на зимата.
Покрај витамините, зелката е богата и со минерали, особено со калиум, калциум, фосфор, сулфур, железо, бакар, цинк и магнезиум.
Ферментираната зелка е суперхрана, која ги топи килограмите, го стимулира имунитетот, пребогата е со хранливи материи, го чисти организмот од отровикои се наталожиле како последица на неправилната исхрана и начин на живот.
Исто така, консумирањето кисела зелка има превентивно дејство од рак на дебелото црево, градите, рак на белите дробови и црниот дроб. Тоа е затоа што за време на процесот на закиселување се формираат изотиоцијанати, кои имаат антиканцерогено дејство. Исто така, глукозинолатите во кисела зелка помагаат да се активираат природните антиоксидантни ензими кај луѓето, додека флавоноидите ги штитат ѕидовите на артериите од оштетување.
Киселата зелка го освежува и разбудува организмот, ја јакне отпорноста на стрес, го стимулира растењето на клетките и ткивата, помага во изградбата на коските, ги балансира маснотиите, ги јакне мускулите и помага во разменувањето на материите во мозокот и нервите.
Кога јадете кисела зелка избегнувајте ги другите многу солени намирници, бидејќи во себе веќе содржи голема количина сол. Ако е премногу кисела, додадете ѝ свеж компир кој ќе ја впие киселоста.
Расолницата, односно сокот од киселата зелка е исклучителен пијалак против тегобите со дигестивниот тракт или против отечените нозе. Расолницата во комбинација со сокот од морков или репа е одличен за сите луѓе кои страдаат од остеопороза. Сокот од киселата зелка помага кај чирот на желудникот или воспалението на дебелото црево. Расолницата е одлично средство за побрзо закрепнување по мамурлакот кој настапува како резултат на бурната ноќ исполнета со алкохол. Инаку, расолницата го снабдува организмот со натриум, ги чисти цревата и се користи како средство против запек. Освен тоа, комбинацијата на расолница и маслиново масло е добредојдена против камен во жолчката.