Забава
Морковот може да биде „главен“ во градежништвото?
Морковот е познат како еден од познатите зеленчуци кој добро влијае на нашето здравје. Меѓутоа неколку британски научници тврдат дека морковото би можел да се употреби за правење на цемент, кој би можел дополнително да се зацврсти со користењето на наночестичките од ова, но и од другите коренести зеленчуци.
Истражувачите користеле обичен миксер за храна, и ги извлекле овие наночестички, со што докажале дека тие многу добро го зацврстуваат цементот.
Истакнуваат дека трошоците притоа би биле помали него што вообичаено се користи цемент, згора на тоа би се смалиле емисиите на јаглерод диоксид на глобално ниво.
Научно е докажано дека цементот е одговорен за дури осум насто од глобалните емисии на јаглерод диоксид.
„Нашите прелиминарни резултати покажуваат дека пола килограм наноматеријали од морков, заштедува дури 10 килограми цемент по кубен метар бетон“, рече водачот на ова истражување Мохамед Сафи.