Македонија

МОН донесе нова стратегија со реформи во образованието

Министерството за образование и наука соопшти дека е усвоена новата Стратегија за образование за периодот 2026–2032, заедно со Акциски план за нејзина реализација.

Документот е подготвуван во изминатите месеци преку консултации со домашни и меѓународни партнери, меѓу кои УНИЦЕФ, Светската банка, УНДП и Стопанската комора. Во процесот биле вклучени повеќе од 100 експерти, организирани се четири национални конференции, а мислење дале над 5.000 учесници.

Стратегијата предвидува реформи во повеќе сегменти на образованието, вклучувајќи нови програми за предучилишно образование, поголема инклузија, нови модели на финансирање, подобрување на инфраструктурата, воведување едносменска настава и нов концепт на државна матура.

Планирани се и измени во високото образование и науката, како и развој на неформалното образование.

Од Министерството велат дека целта е создавање поинклузивен и современ образовен систем кој ќе одговори на потребите на учениците и пазарот на труд.

Тагови

Поврзани вести