Свет
Мобилизацијата на Европа е најголема досега во изиминатите децении, се создава ли хистерија?
Караница во Советот за безбедност на ОН за Украина, Џонсон на средба со Зеленски

Жестока расправа се случи меѓу рускиот и американскиот амбасадор во ОН за време на заседавањето на Советот за безбедност, на која се расправаше за ситуацијата во Украина. Американската амбасадорка Линда гринфилд рече дека мобилизацијата на Европа е најголема досега во зиминатите децении, а нејзиниот руски колега ја обвини Америка дека создава хистерија и дека безобразно се меша во внатрешната политика на Русија.
Во меѓувреме, засилена дипломатија и од В.Британија. Денеска премиерот Борис Џонсон ќе ја посети Украина и ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да разговара за десетиците илјади руски војници собрани во близина на украинската граница, за кои Западот шпекулира дека се подготвуваат да ги нападнат. Tој со Зеленски ќе разговара за стратешката поддршка што Британија може да и ја понуди на Украина.