Македонија
Мијаваки шума на Институтот за патофизилогија и нуклеарна медицина
Како што соопшти Институтот мијаваки шумата е донација на невладината организација „Зелена планета за сите”.
Во посета на македонскиот Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина денеска ќе биде амбасадорот на Јапонија Хиронори Савада кој ќе направи увид во донираната опрема.
– Планиран е краток состанок со заменик министерот за здравство Владимир Рендевски, деканката на Медицинскиот факултет Соња Топузовска и раководителката на ИПНМ Даниела Миладинова. Потоа, ќе следи посета на мијаваки шумата во дворот на Институт, каде што на присутните ќе им се обратат јапонскиот амбасадор, заменик министерот за здравство, заменик министерката за животна средина и просторно планирање, деканката на Факултетот и раковидтелката на ИПНМ, најавуваат од Институтот.