Власта има индиции дека одредени структури со голем капитал се обидуваат да предизвикаат меѓуетнички инциденти и конфликти, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање. Мицкоски апелираше до јавноста да остане смирена и да не подлегнува на провокации и нагласи дека сторителите на таквите провокации ќе одговараат пред надлежните органи. „Имаме индиции за елементи коишто располагаат со огромни милионски суми пари. Дел од нив се и високи функционери во поранешни влади и коишто се обидуваат да мобилизираат луѓе на терен. Во најголем дел да манипулираат и она што мене посебно ме загрижува, се обидуваат да провоцираат етнички конфликт. Односно, да ја дестабилизираат меѓуетничката хармонија во Македонија…тоа нема да го дозволиме“, рече Мицкоски.