Македонија
Михаел Рот: Нормално е да се биде геј и да се смени уставот
Германскиот пратеник Михаел Рот кој денеска е во посета на Скопје е голем поборник за правата на хомосексуалците. Тој пред две години ја шокираше јавноста со изјавата дека е „нормално да се биде геј“
Отсекогаш ми било многу тешко да бидам модел или пионер. Но, за време на моите многубројни турнеи низ Германија и Европа, разбрав дека на многу луѓе можам да им дадам храброст и сила со тоа што не ја тајм мојата сексуална ориентација. Нормално е да си геј. Дали во театар, на училиште, на работа или во политика, да и во професионалниот спорт. За жал, насекаде има дискриминација и нетрпеливост, што нема врска со поштенскиот број-смета Рот.
Во денешната посета тој истакна дека треба да подлегнеме на притисоците однадвор и да го смениме уставот со што замислете ќе сме влегле во ЕУ. Трагикомично звучи оваа изјава по вчерашното обраќање на канцеларот на Германија за неможноста за проширување на ЕУ поради гласањето со консензус.
Досегашните присилни промени направени во Македонија со огромни притисоци однадвор па дури и војна во 2001 година како и последниот пуч се водеа во името на ЕУ а во позадина се рушеше македонскиот карактер на Македонија и нејзината независност. Вакви шарлатани од пратеници се веќе видена појава, сетете се само на посетите за време на последниот референдум и сите оние смешни недоветни изјави од тогашните европски премиери, лидери и останата т.н. елита пратена и платена со цел вршење пропаганда против Македонија.
Добро утро Скопје! Добро е да се вратиш во предизвикувачки, фрустрирачки времиња за Македонците! Но вие никогаш нема да чекорите сами… Надежта е клучот! И патем: Македонскиот е јазик во Европа на културни различности!, напиша на Твитер Рот.
Навистина е тешко во денешно време кога сите лаги се разоткриени и сите непријатели се разголени да се зборува со оваа реторика, може да замислиме само со кави морални, етички и умствени потенцијали се овие луќе кои изигруваат кловнови и се понижуваат себеси до невидено дно.