Македонија
Мистериозна смрт на 25-годишна девојка

25-годишна девојка од Косово синоќа околу 19 часот била најдена мртва кај во простор помеѓу згради кај зелениот пазар во Тетово.
Девојката С.Д. од Ѓаковица паднала од зграда, а на местото на настанот е пронајдена и дрога.
Веднаш по пријавата, на местото на настанот пристигнале полициски екипи и претставници на Јавното обвинителство, кои спроведуваат истраги за расветлување на причините и околностите на инцидентот.
Истражните органи проверуваат дали има и други вмешани лица.



