Живот

Мистериозна кражба на 123 џиновски желки од Галапагос

Властите на Еквадор отворија истрага по мистериозното исчезнување на 123 џиновски желки од островот Галапагос.

Националниот парк Галапагос , кој е ставен под заштита како природно наследство на човештвото , објави дека недостасуваат 123 џиновски желки.

Животните биле чувани во центарот за развој на островот Изабела , најважен во архипелагот во Тихиот Океан , каде живеат овие загрозени видови животни

,,Сите 123 желки се однесени наеднаш , ги снема минатиот вторник.” , изјави адвокатот на Галапагос, Вашингтон Передес. ,, Местото каде престојувале животните на островот Изабела не е заштитено и нема безбедносни камери , појасни адвокатот.

Центарот за развој е основан во 1993 на површина од два хектара со цел да се грижи за овој вид ретки животни , кои се пред изумирање.

Во јуни годинава 26 џиновски желки биле вратени на Галапагос од Перу , каде биле однесени од криумчарите со ретки животни.

Тагови

Поврзани вести