Живот

Мирен, тиркизен „убавец“ – Неверојатен кањон кој привлекува безброј туристи

Неверојатната моќ на мајката природа се крие на Исланд. Кањонот Студлагил е сместен во источниот дел на Исланд во долината Јокулдалур и дури неодамна бил откриен на светот.

Станува збор за скриена скапоценост на Исланд која што својот неверојатен облик го добила од силното делување на реката Јокле која што е долга 150 километри. Од десната страна се пружа поглед на брдовитиот пејзаж полн со овци и локални фармери.

Поради својата сила и водостојот ова место долго се сметало за опасно, па никој не одел таму ниту пак светот знаел за него.

Дури по 2009-та година подигната била хидроелектрана, па ситуацијата се променила. Вoдостојот на реката опаднал, па повеќе кањонот не претставувал опасност за луѓето.

Некогашната река која што со својата моќност течела низ кањонот, носејќи еден тон пластика и кал, сега е мирна, тиркизна убавица.

Таа дава неверојатен поглед и доживување – поради тоа кањонот денеска привлекува многу туристи од светот.

Тагови

Поврзани вести