Свет
Милано ќе се бори со 3 милиони дрвја против загадениот воздух
Еден од европските модни престолнини на Милано сака да се ослободи од „сивите нијанси“ поради загадувањете на воздухот и затоа донесена е одлука во градот да се засадат 3 милиони нови дрвца до 2030 година.
Градските власти процениле дека планираната програма ќе го зголеми бројот на дрвјата за 30 отсто. Дрвјата ќе „повлечат“ дополнителни 5 милиони тони јаглероден диоксид годишно. Оваа сума е еднаква на четири петтини од вкупните емисии на штетен гас во Милано.
Во период од десет години, дрвјата ќе отстранат околу 3.000 тони штетни PM10 честички од атмосферата. Следствено, се очекува и намалување на температурата во градот за 2 степени Целзиусови.
Архитект Стефано Боери создаде во 2014 година во срцето на Милано зелена оаза. Во рамките на неговиот проект “Вертикална шума” над градот беа засадени две станбени кули во грмушки и дрвја распределени преку балконот на зградата.
Боери истакна дека само 7 отсто од територијата на Милано е процветана и изрази надеж дека овој процент ќе се искачи помеѓу 17 и 20 проценти до 2030 година.
Проектот за позеленување на Милано е амбициозен план за трансформирање на нефункционална железничка мрежа во 7 паркови со 25.000 садници. Вклучува збогатување на рамни покриви со вкупна површина од 10 милиони квадратни метри зеленило, како и садење на 2.300 дрвца во училиштата.
Научниците веруваат дека новите зелени капацитети, најверојатно, ќе се одразат на временските услови во овој град. Ноќите во Милано се потопли до 6 Целзиусови во споредба со ноќта во околните места.
Според наодите од студијата во 2015 година, најмногу предвремени смртни случаи поради слабиот квалитет на воздухот во Европа биле забележани во Италија, дури 84.400.