Македонија
МЗ: 23% од новите случаи и 21% од хоспитализираните со Ковид 19, се вакцинирани
Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 06 август заклучно со 30 септември.
МЗ: 77% од новите случаи и 79% од хоспитализираните, со Ковид 19 се невакцинирани
За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.
Во период од 06.08 до 30.09.2021 на територија на државата 35.531 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 23% биле целосно вакцинирани, односно 8.233 лица, а приближно толкава е и бројката на целосно вакцинирани на ниво на Македонија за тој пероиод.
Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според статистика за изминативе недели, 27.298, граѓани, односно 77% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани.
Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 79%, додека само 21% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е поголема, покажува анализата.
Во период од 6.08 до 30.09.2021 на територија на државата починале 1162 лица со Ковид 19, 987 пациенти од починатите не биле вакцинирани, од кои15% примиле вакцина.
Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на Модерна и Џонсон.
Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација: “Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2”