Македонија
Меѓународниот суд на правдата ја разгледува тужбата на Украина против Русија, истиот оној што пресуди во корист на Македонија пред 10 години.
Меѓународниот суд на правдата (МСП) денеска и утре ќе ја разгледува тужбата што Киев ја поднесе против Москва за геноцид во Украина.

Судот неодамна изјави дека постапува по барање на Украина, која ја обвинува Русија за планирање геноцид и намерно убиство на луѓе од украинска националност. Украина ја започна постапката на 26 февруари.
Пресудите на МСП се обврзувачки и не може да се обжалат, но судот нема начин или средства да ги убеди земјите да ги спроведат тие пресуди.
Пред повеќе од 10 години истиот овој Меѓународниот суд на правдата во член 95 од пресудата експлицитно утврди: “Македонија има право себе си да се именува како Република Македонија во нејзините односи со другата страна и во рамките на меѓународните организации”, оваа одлуката никогаш не беше почитувана.